Тони Петковски (Тони Зен) и Марко Маринковиќ-Слаткар негуваат одлични пријателски односи.
Македонските рапери претпразнично се дружеа во домашна атмосфера заедно со малите синчиња. На фотографиите споделени од нив тие мезат додека малите Јасен и Моша вечераат на детска масичка.
„Јасен и Моша, Тони и Марко“ – напиша Тони во описот.
Тони стана татко во март 2019 година, додека синот на Слаткар се роди во април 2020 година.
Минатиот месец Тони сподели фотографија од заеднички настап од нивната младост направена во 2007 година.
„Ретроспектива. Ова е меѓу првите заеднички настапи кај Виктор ‘Chevignon’ во Кичево, 2007 година, Слаткар беше и остана еден од најдобрите, респект брату“ – напиша тој.