Заврши снимањето на хит-серијата „La Casa de Papel“.
Урсула Корберо, која ја има улогата на Токио, сподели црно-бели фотографии од снимањето на петтата сезона и со порака им се заблагодари на фановите за поддршката. Петтата сезона од „La Casa de Papel“ ќе биде и последна.
„Дојде крајот. Какво патување. Многу ќе ми недостигаат моите пријатели. Ви благодарам за целата ваша љубов и поддршка, се надевам дека направивме финална сезона каква што заслужувате“ – напиша 31-годишната актерка.
И Педро Алонсо, кој ја има улогата на Берлин, им се заблагодари на фановите.
„Не чувствувам дека ова е момент за зборување. Само ви се заблагодарувам. На сите. Од дното на моето срце. Знам дека ова беше повеќе од сон“ – напиша тој на Instagram.
Финалната сезона се состои од 10 епизоди. Од Netflix неодамна потврдија дека таа ќе започне да се прикажува во втората половина од 2021 година.