Снимањето на заеднички серии и филмови зближува многу актери и разгорува љубовни искри.
Популарната серија „La Casa De Papel“ ги спои Хаиме Лоренте и Марија Педраза, кои ги толкуваат улогите на Денвер и Алисон Паркер.
Парот деновиве беше фотографиран на балконот од својот апартман во Мадрид, додека аплаудираше за поддршка на медицинските лица во борбата со КОВИД-19.
Хаиме и Марија ја имаа ставено својата врска на пауза, но новите фотографии потврдуваат дека официјално се повторно заедно.
„Алисон“ во серијата е ќерка на британскиот амбасадор во Шпанија, која беше една од киднапираните во првата и втората сезона.
Хаиме и Марија заедно глумат и во серијата „Élite“.