Се ближи финалето на „La Casa De Papel“ или „Money Heist“. Последните епизоди од популарната серија наскоро ќе бидат достапни на Netflix, а новото најавно видео ни дозволува да ѕирнеме што нè очекува.
Во краткиот трејлер, Професорот вели: „Во изминативе неколку часа, изгубив луѓе кои ми се многу блиски. И нема да дозволам да падне никој друг... поради овој грабеж.“
Новите пет епизоди ќе се прикажуваат од 3 декември.