Билал Хасани е францускиот претставник на Евровизија 2019. 19-годишниот муслиман, кој има мароканско потекло, е роден во Париз и обожава да се шминка и да носи перики.
Неговата победа со песната „Roi“ („King” или „Крал“) го лансира во финалната вечер, бидејќи Франција е една од земјите од „големата петка“ кои имаат директен пласман во финалето.
Хасани, кој не крие дека е хомосексуалец, наиде на различни реакции. Додека едни го поддржаа, други го обвинија дека со изведбата во Израел сака да предизвика контроверзија, а до него стигнаа и закани по живот.
Видео







Не се малку и коментарите во кои Хасани е споредуван со Кончита Вурст.
Годинава Евровизија ќе се одржи во Тел Авив, Израел, а нашата земја ќе ја претставува Тамара Тодевска.