Вечерва беа избрани првите финалисти во овогодишната евровизиска трка.
Во Тел Авив, настапија претставниците на 17 земји, а ова се десетте кои си обезбедија место во големото финале кое ќе се одржи на 18 мај.
Грција
Katerine Duska – „Better Love“
Белорусија
ZENA – „Like It“
Србија
Nevena Božović – „Kruna“
Кипар
Tamta – „Replay“
Естонија
Victor Crone – „Storm“
Чешка
Lake Malawi – „Friend of a Friend“
Австралија
Kate Miller-Heidke – „Zero Gravity“
Исланд
Hatari – „Hatrið mun sigra“
Сан Марино
Serhat – „Say Na Na Na“
Словенија
Zala Kralj & Gašper Šantl – „Sebi“
Во финалето ќе ги видиме и избраниците на државите од големата петка (Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија и Германија), претставник на домаќинот, како и финалистите од втората полуфинална вечер која ќе се одржи на 16 мај, кога за пласман ќе се бори и Тамара Тодевска.