Мадона беше специјална гостинка во евровизиското финале. 60-годишната пејачка настапи на големата сцена во Тел Авив, веднаш по завршувањето на изведбите на сите земји учесници.
Големата поп-икона го изведе нејзиниот голем хит „Like A Prayer“ и за првпат настапи во живо со новата песна „Future“, за која ѝ се придружи американскиот рапер Quavo.
ВИДЕО
Оваа година изминуваат 30 години од лансирањето на „Like A Prayer“.
Дизајнерот Жан Пол Готје се погрижи за изгледот на Мадона. Тој изјави дека за стајлингот се инспирираше од Јованка Орлеанка. „Нешто како Јованка Орлеанка. Бидејќи таа е победник, да речеме, воин“ – изјавил тој.