Сите го паметат моментот кога минатата година Кание Вест ѝ го зеде од рацете микрофонот на Тејлор Свифт. Но, на овогодинешното доделување на MTV видео музичките награди, Тејлор самоуверено го држеше микрофонот и со емотивна изведба му возврати на Кание.
Нејзината изведба започна со видео клип од минатогодишниот скандал. Иако ниту еднаш не беше споменато името на Кание, текстот на песната очигледно беше наменет за него.
Преку својата нова песна „Innocent“, 20-годишната кантри пејачка му прости на Кание Вест, пеејќи: „Who you are is not what you did...32 is still growing up now … you’re still an innocent”.