Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Таткото на Линдзи Лохан ја посети со полиција

Таткото на Линдзи Лохан ја посети со полиција

Не е тајна дека односите на проблематичната Линдзи Лохан со нејзиниот татко се многу лоши. Во изминатиов период скоро сите нивни семејни проблеми беа на насловните страници на таблоидите, основно поради таткото на Линдзи, кој поради желба за слава или желба да ѝ помогне на ќерка си неколкупати објави интимни телефонски разговори за проблемите на младата актерка.

Мајкл и Линдзи ЛоханМајкл и Линдзи Лохан

Вчера Мајкл Лохан со полиција влегол во домот на Линдзи, под изговор дека сака да провери дали е добро неговата помлада ќерка, 16-годишната Али Лохан која во моментов живее заедно со Линдзи.

„Сакав да ја проверам Али. Сакам да се осигурам дека е добро. Таа има 16 години и не припаѓа таму. Малолетна е.“ – изјавил Мајкл Лохан за Hollyscoop.

Откако полицајците го провериле станот, ја интервјуирале Али и се увериле дека е добро, повторно ја оставиле со нејзината постара сестра.

Оваа посета Линдзи воопшто не ја примила со воодушевување и на Tweeter напишала: „Немам друг избор, освен да го објавам ова во јавност, како поради безбедноста на сестра ми, така и поради мојата безбедност. Мојот бивши татко влезе во мојот стан како адвокат на ѓаволот со полицајци.“

„Тој никогаш не плаќал алиментација и ќе се жени за новинарка, а одвај може да си го спелува името поради неговиот „мозок“ кој е уништен заради неговата зависност од дрога. Кога ќе заврши... ова трае цел мој живот...“

За да го оправда своето однесување, Мајкл изјавил дека е загрижен што Линдзи ја носи својата мала сестра на забави со неа.

„Али е под влијание на ноќниот живот и луѓето со кои е опкружена Линдзи“ – додал Мајкл.

Очигледно семејната драма на Линдзи ќе потрае. Најверојатно нарушените семејни односи се една од причините за несредениот бунтовнички живот на 23-годишната актерка, чија кариера е во застој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19719 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.