Линдзи Лохан во моментов го промовира новото божиќно филмско остварување „Falling for Christmas“.
36-годишната актерка се појави на неколку настани заедно со својата сестра Алијана Лохан, која има мала улога во филмот.
На премиерното прикажување на романтичната комедија во Њујорк, двете сестри изгледаа елегантно во долги креации со цветови. Линдзи шармираше во креација од Валентино.
За најавата за гостувањето во шоуто на Дру Баримор, модерните сестри избраа кратки фустани во пастелни нијанси, а беа придружувани и од нивната мајка Дина.
Пред снимањето на „The Drew Barrymore Show“, сестрите беа фотографирани од фоторепортерите во Њујорк. Лохан носеше црна, а Алијана бела креација.
Погледнете го трејлерот на филмот, кој ќе започне да се прикажува на Netflix на 10 ноември: