Мик Џегер ќе стане татко по осми пат. 72-годишниот музичар и 29-годишната балерина Мелани Хамрик потврдија дека очекуваат дете кое треба да се роди во јануари следната година. Ова е прво дете на парот, кој е во врска од 2014 година.


Пејачот на популарната рок група The Rolling Stones од претходни врски има четири ќерки и три сина: 45-годишната Карис, 44-годишната Џејда, 32-годишната Елизабет, 30-годишниот Џејмс, 24-годишната Џорџа, 18-годишниот Габриел и 17-годишниот Лукас.
„Ова е одлична вест. Тоа ќе биде осмо дете за Џегер. Таа е интелигентна, блескава и има сопствени идеи за тоа како сака да го живее својот живот. Знае дека Мик има одлична врска со сите свои деца и едвај чека тој да стане татко повторно“ – изјавил извор близок на славниот пар.




