Откако ги одложи претстојните концерти во Канада и САД поради здравствени проблеми, Мик Џегер беше фотографиран на плажа во Мајами.
75-годишниот пејач и основач на Rolling Stones се релаксираше во друштво на 32-годишната девојка Мелани Хамрик, 2-годишното синче Деверо и 27-годишната ќерка Џорџа Меј Џегер.










Истиот ден и неговиот колега Рони Вуд беше фотографиран на плажа со сопругата Сели и 2-годишните близначки Грејси Џејн и Алис Роуз.



Вчера, Џегер на Instagram им се извини на фановите за разочарувањето што мора да ја одложи најавената турнеја.
„Им се извинувам на сите фанови со билети од Америка и Канада. Навистина мразам што морам да ве разочарам на овој начин. Вознемирен сум што морам да ја одложам турнејата, но ќе работам многу напорно за да се вратам на сцената најбрзо што можам. Уште еднаш, огромно извинување до сите“ – напиша тој.
Мик стана татко по осми пат во октомври 2016 година. Деверо е единствено дете на Џегер и Хамрик.




Тој има и четири ќерки и три сина од претходни врски.