Тамара Тодевска се породи. 33-годишната пејачка денес го роди своето второ дете, а среќната вест ја сподели на социјалните мрежи.
Македонската музичка ѕвезда му посака добредојде на овој свет на своето синче кое го доби името Дарен.
Тамара на Facebook напиша: „Пред точно саат време се роди нашиот Дарен. Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неопишлива љубов.“



Ова е второ дете на Тамара и Александар Димитровски - Мачка, кои се родители и на 2-годишната Хана.