Премиерното прикажување на последниот дел од „Resident Evil“ се претвори во семеен собир за Мила Јовович, Пол Андерсон и нивната ќеркичка Евер Габо.
Среќното семејство со широка насмевка позираше на црвениот тепих пред прикажувањето на филмот во кој тројцата имаат своја „улога“ – Мила и Евер како актерки, а Пол како режисер.
41-годишната актерка, која е родена во Киев, привлекуваше погледи во розова креација со сиви пердуви, додека нејзината 9-годишна ќерка носеше фустан со чипка и светкава наметка.







Во шесте дела од „Resident Evil“, Мила ја има главната улога, додека нејзината ќерка ја игра својата дебитантска улога на црвената кралица во последниот дел „Resident Evil: The Final Chapter“.
Филмот е режиран од Пол Андерсон, со кого Јовович е во брак седум години. Парот има уште една ќерка, 21-месечната Дашиел Идан.
Мила позираше и со своите колешки од филмот Руби Роуз, Али Лартер и Рола.


Трејлер за „Resident Evil: The Final Chapter“
Постер за „Resident Evil: The Final Chapter“
