Петгодишната ќерка на Том Круз и Кејти Холмс уште од мала е пред објективите на папараците и во центарот на вниманието на новинарите. Нејзиниот стил на облекување често добива позитивни и негативни критики, а уште почесто се шпекулира за вредноста на облеката која таа ја носи.
Според најновите информации на списанието Star, Сури веќе поседува колекција чевли вредна
„Сури има многу дизајнерски чевли. Таа е голем обожавател на Марк Џејкобс и поседува неколку пара специјално направени за неа, па ако не доаѓаат со штикла, Кејт ги редизајнира за Сури. Пред извесно време таа нарача и Лобутинки“ – изјавил близок до семејството.
Малата Сури како што растела не сакала да носи ништо друго освен дизајнерски чевли и плачела ако чевлите немаат штикла.
„Таа плаче ако Кејти посегне по обувки кои немаат нешто како штикла“ – пишува списанието, потпирајќи се на зборовите на анонимниот извор.
Минатата година Кејти Холмс понесе многу негативни критики затоа што ѝ дозволува на својата ќерка да носи чевли со штикличка. Многу специјалисти предупредија дека иако се мали, штиклите не се соодветни за дете во развој.
Но, чевлите не се ништо во споредба со облеката на Сури. Облеката на малото девојче се проценува на 3,2 милиони долари.
Пред извесно време Сури се најде на листата на најдобро облечените жени на списанието Glamour, што е малку чудно со оглед на нејзината возраст.