Сури Круз уште од мали нозе беше под лупата на медиумите. Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс растеше опкружена од папараци и сè уште е во нивниот радар.
12-годишната девојка, која следниот месец ќе заплива во тинејџерските води, беше фотографирана во Њујорк, а многумина забележаа дека веќе користи шминка.
Сури е единственото дете на Кејти и Том, кои се разведоа во јуни 2012 година. Никогаш не беше потврдена причината за разделбата, но наводно главен фактор беше религиозната определба на Том, односно скиентологијата.
Не се малку и шпекулациите дека по разводот, Том воопшто нема контакт со Сури.