Децата на славните личности многу често се под лупата на медиумите и во радарот на папараците. Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс деновиве беше фотографирана на ручек со своите другарки.
14-годишното девојче носеше нежно розово лелеаво фустанче, бели патики и чантичка и маска во посилна розова нијанса.
Сури е единственото дете на Кејти и Том, кои се разведоа во јуни 2012 година. Според шпекулациите, по разводот, Том воопшто нема контакт со Сури.