Карли Клос стана мајка.
28-годишниот супермодел го доби првото дете со сопругот Џошуа Кушнер, кој ја сподели среќната вест на Instagram заедно со фотографија од бебенцето. „Добре дојде на овој свет“ – напиша тој во описот.
Парот беше фотографиран на прошетка пред само неколку дена.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret објави дека е во блажена состојба во октомври минатата година.
Карли и Џошуа започнаа да се состануваат во 2012 година, а се верија во јули 2018 година. Парот стапи во брак на 18 октомври 2018 година на интимна церемонија, на која Карли носеше прекрасна венчаница од Диор.