Карли Клос го прифати предлогот за брак на Џошуа Кушнер.
25-годишниот модел и 33-годишниот бизнисмен, кој му е брат на сопругот на Иванка Трамп, ја објавија среќната вест на Instagram.
Славната манекенка сподели фотографија со Џош, а во описот напиша: „Те сакам многу повеќе одошто можам да искажам со зборови. Џош, ти ми си најдобар пријател и моја сродна душа. Со нетрпение чекам да бидеме заедно засекогаш. ДА милиони пати“, проследено со емотикон „прстен“.
Кушнер сподели фотографија од саканата и напиша само: „Свршеница“.
Во коментарите, неговата снаа Иванка Трамп им честиташе на младенците. „Премногу сум среќна за тебе Џош! Ти и Карли сте благословени што се пронајдовте еден со друг. Наздравувам за живот полн со љубов, смеа и авантури за вас двајцата“ – напиша ќерката на претседателот на САД Доналд Трамп.
Пред неколку часа, Карли го покажа својот прстен во видео на Instagram, во кое се подготвува за настап во Пекинг.
Парот пред неколку дена се врати од летување во Капри, Италија.
Карли и Џош се во врска од 2012 година.