Кристина Агилера организира тематска забава за да го одбележи вториот роденден на ќеркичката Самер Рејн.
Прославата инспирирана од Супер Марио се одржа во дворот на куќата на музичката дива и нејзиниот свршеник Метју Ратлер.

На фотографиите, парот се забавува со малата славеничка и нејзиниот поголем брат Макс.







Кристина и Метју се во врска од 2010 година, а во 2014 објавија дека се верени. Макс е првото дете на Кристина од бракот со Џордан Братман.
