Суки Вотерхаус е ѕвездата која го краси најновото британско издание на списанието „Вог“.
32-годишната актерка и пејачка сними фотосесија во која позира и со новородената ќеркичка, која ја има со Роберт Патинсон.
Вотерхаус вели дека сè уште има покачена телесна тежина поради бременоста, но дека воопшто не се грижи за тоа.
„Ох, снимам фотосесија за Вог и сум 11 килограми потешка од нормално. Но, на кој му е гајле“ – вели таа.
Суки се породи во март оваа година.
„Голема чест ми е што сум на насловната страница на британскиот Вог со најсовршеното девојче на светот“ – напиша Суки на Instagram.
Роберт и Суки се заедно шест години, но ретко се појавуваат заедно на јавни настани. За бременоста на Суки се дозна во ноември, кога таа беше фотографирана со пораснато стомаче.
Според информации од странските медиуми, тие се верија минатата година.