Новата година за Опра започна многу интересно. На 01.01 таа го означи стартот на нејзиниот телевизиски канал „Oprah Winfrey Network“.
„Среќна Нова Година на сите и добредојдовте на OWN. Ова е многу возбудлив ден за мене затоа што започнувам нова глава од мојот живот со сите вас“ – им се обратила Опра на гледачите точно на пладне на првиот ден од годината.
На каналот OWN ќе се прикажуваат многу емисии во живо и реални шоуа, а меѓу водителите ќе се најдат многу познати лица како Сара Фергусон и Шанаја Твејн.
OWN ќе достигне до 80 милиони домаќинства, но иако засега има само позитивни критики, експертите сè уште не можат да кажат дали телевизијата на Опре ќе постигне успех како дневното ток-шоу по коешто таа е препознатлива.
Опра е еден од најпознатите брендови во светот, а големиот број на обожаватели кралицата на ток-шоуaта ги привлече во текот на 25-те години работа како водител на Oprah Winfrey Show. Оваа година Опра ќе му стави крај на тоа шоу и ќе продолжи да ја гради својата кариера преку новиот телевизиски канал.