Деми Мур мамеше воздишки со својот младолик изглед на доделување на наградите Златен глобус.
На свеченоста во Лос Анџелес, 62-годишната актерка изгледаше фантастично во златна креација од Армани која ја оцрта нејзината витка фигура. Во својот стајлинг, Мур додаде дијамантски накит.
Деми го освои првиот Златен глобус во својата 45-годишна кариера. Таа беше наградена за улогата во „The Substance“.