Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Софија Вергара ја откри причината за разводот: „Тој сакаше деца, јас не сакав да бидам стара мајка“

Софија Вергара ја откри причината за разводот: „Тој сакаше деца, јас не сакав да бидам стара мајка“

Софија Вергара отворено зборуваше за разводот со Џо Манганиело.

Софија Вергара

51-годишната ѕвезда од серијата „Modern Family“ призна дека несогласувањата околу проширувањето на семејството биле причината за распадот на нивниот 7-годишен брак. Софија има еден син од првиот брак со љубовта од нејзините средношколски денови Џо Гонзалес, додека Џо нема свои деца.

„Мојот брак се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка.“

„Чувствувам дека не е фер спрема бебето. Го почитувам секој кој го прави, но тоа повеќе не е за мене“ – рекла Вергара за El País.

Софија Вергара

„Добив син на 19 години, кој сега има 32. Подготвена сум да бидам баба, не мајка. Ако повторно најдам љубов, тој треба да има свои деца.“

„Речиси сум во менопауза, па тоа е природниот начин на нештата“ – додала таа.

Софија и Џо ги шокираа фановите кога минатиот јули објавија дека се разделуваат. Два дена подоцна, тој поднесе документи за развод во кои го наведе 2 јули како датум на нивната разделба.

Софија Вергара

Манганиело веќе има нова љубов со која се појавува и на јавни настани, а и Вергара неодамна беше фотографирана на состанок со хирург.

Софија Вергара Софија Вергара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19776 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.