Софија Вергара го прослави својот 52-ри роденден.
По тој повод, ѕвездата од „Modern Family“ и „Griselda“ организираше вечера со најблиските и преку фотографии и видеа им дозволи на нејзините фанови да ѕирнат во интимната прослава.
На Instagram, таа објави фотографии со новиот партнер Џастин Салиман и нејзиниот син Маноло.
Салиман по професија е хирург. Тој и Софија започнаа да се состануваат неколку месеци по нејзиниот развод од Џо Манганиело.
Присутна беше и нејзината колешка Хајди Клум, со која се дел од судиите на „America's Got Talent“.