Андреа Бочели на најновиот концерт покани многу специјални гости, а меѓу нив беше и Софија Вергара.
Славната актерка се појави на сцената заедно со талентираниот оперски пејач и му помогна при изведбата на песната „Bésame Mucho“.
За оваа пригода, ѕвездата од „Modern Family“ и „Griselda“ избра атрактивна креација која ги истакна нејзините препознатливи облини.
Вергара се пресоблече во цветна креација од Долче и Габана за да застане на сцената со Бочели.