Поголемата ќеркичка на Филип Талески го прослави својот 6-ти роденден. Македонскиот ракометар и неговата сопруга Ена споделија фотографии од прославата.
Слатката славеничка е облечена како Алиса во земјата на чудата и ги дува свеќичките на роденденската торта со својата помала сестричка.
„Можеш да им дозволиш на другите да сонуваат со тебе. Но мила, никогаш не им дозволувај да те разбудат.“
„Среќен 6-ти роденден Софи. Ти посакувам да останеш што подолго во твојата чудесна земја, тоа е најмагичното место на светот“ – напиша мајката Ена.
Филип и Ена стапија во брак во 2019 година.