Бјанка Балти не ја крие својата ранлива страна и ја споделува својата приказна со целиот свет.
Италијанската манекенка, која неодамна заврши со примањето на хемотерапии поради рак на јајниците, сега заблеска во вистинско светло.
На фестивалот „Сан Ремо“, Балти се појави во неколку гламурозни креации.
40-годишната ѕвезда од кампањите на Долче и Габана ја покажа својата ќелава глава и лузната од страшната операција на стомакот.






Светло сината креација со длабоко деколте е дело на Валентино, а припиениот фустан во тегет нијанса доаѓа од ателјето на Армани.










Балти се пресоблече и во делумно проѕирна креација од високата мода на брендот Фенди.


Фестивалот „Сан Ремо“ започна на 11 февруари и ќе трае до 15 февруари.

Бјанка ја доби страшната дијагноза во септември минатата година. Претходно, во 2021 година, Балти откри дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот за развој на рак на дојки и јајници. Тогаш, таа направи превентивна операција за отстранување на градите.
Бјанка пред неколку дена заврши со хемотерапиите и вели дека сè во нејзиниот живот сега има вкус на вистински благослов.






