Почетна » Новости » Актуелно » Мали гестови, голема љубов

Мали гестови, голема љубов

Љубовта е највозвишената сила, невидлива жичка меѓу две срца, допир што трансмитира страст, почит, утеха... поглед што комуницира без зборови, прегратка што нуди заштита од сите животни бури. Иако љубовта се слави секој ден, Св. Валентин е супер стимулатор за љубовни потези како од фантазиите.

Популарниот празник е ден кога љубовта се претвора во симфонија од нежни допири, заводливи шепоти и опоен мирис на рози, кога се креира колекција мигови во кои срцата пулсираат како нежна мелодија што се разлева низ воздухот, а секој гест станува љубовен стих.

Но, љубовта не треба да ни биде приоритет само во романтичен контекст. Денот на љубовта, кој се поклопува со Св. Трифун, односно празникот на лозјето и виното, нека ве охрабри да ја негувате љубовта кон себе. Разгалете се и разнежнете си го срцето, бидејќи вистинската романса започнува во вашата душа. Посветете си љубов, зашто таа е темелот на секоја друга љубов што ќе ја апсорбирате и зрачите. Заслужувате да се чувствувате сакано, обожувано и почитувано – прво од самите себеси, а потоа и од светот.

Св. Валентин

За да го одбележите Св. Валентин или Св. Трифун, не се неопходни скапи подароци, туку креативност и желба. Ви предлагаме сензуални, романтични и забавни гестови со кои ќе го разгорите пламенот во срцето на саканиот или во вашето сопствено срце. Еве идеи што ќе ви ја развиорат имагинацијата:

Романтични изненадувања за САКАНИОТ

Бран од љубовни пораки. Оставете му ливчиња со емотивни пораки на огледалото, на перницата, во џебот од панталоните, на воланот од автомобилот, на тастатурата од лаптопот... Насекаде! И праќајте му слатки SMS пораки на секој час од денот.

Мини кутија „Зошто те сакам“. На 50 мали картички напишете по една причина зошто го сакате вашиот партнер и соберете ги во мала кутија со украсна панделка.

Св. Валентин

Романтичен фото-албум или фото-книга. Најубавите заеднички спомени преточете ги во книга или албум за да бидат вечен потсетник за вашата љубовна приказна. Не заборавајте да вметнете силна посвета.

Креативен предизвик за сликање на платно. Доколку сте IQOS корисник, поканете ја саканата личност заедно да го посетите IQOS бутикот во Diamond Mall, каде што од 17 до 20 часот ќе имате возбудлива можност да ги покажете уметничкиот дух и креативноста сликајќи на уметничко платно. За да е авантурата уште позапаметлива, тука ве очекуваат и IQOS изненадувања. А потоа, забавата можете да ја продолжите во BKW со почеток од 21 часот, каде за паровите е предвиден нов предизвик со мало изненадување од IQOS.

Тематска вечера. Организирајте ноќ за паметење придржувајќи се до одредена тема. На пример, ако изберете италијанска ноќ, може да приготвите ароматни тестенини или пица, да послужите просеко, лимончело или аперол шприц, да се облечете во стил типичен за Сицилија и да изберете да уживате во италијански филм или филм сниман во Италија.

Св. Валентин

Примамливи идеи за СЕБЕ-разгалување

Спа уживање. Закажете си ги омилените третмани за разубавување и масажа или пак направете си домашна спа забава. Ставете си маска за лице и коса, премачкајте се со омиленото масло за хидратација, подгответе си го омилениот пијалак и релаксирајте се со актуелна плејлиста.

Дегустација на вина. Доколку сте IQOS корисник, стимулирајте ги сетилата со дегустација на вина, која како ритуал ги поврзува аромите и вкусовите со емоциите. Прославете го Св. Трифун со „wine tasting” доживување во IQOS бутикот во East Gate Mall од 17 до 20 часот, а потоа уживајте во забавата во BKW каде продолжуваат IQOS изненадувањата.

Св. Валентин

Нов изглед. Долго време посакувавте промена во изгледот? Можеби сега тајмингот е совршен за нова фризура или тотално нов мејкап стил. Промените имаат моќ да ја покачат самодовербата.

Ден без обврски. Подарете си себеси „ден без обврски“, во кој ќе уживате максимално без да се грижите за вашата „to-do листа“. Посветете го овој ден на вашите желби и хедонистички задоволства.

Бонус совет: Сакате заеднички да започнете ново искуство или ги напуштите лошите навики истовремено со саканата личност? Доколку сте полнолетни пушачи, и би сакале да го оставите чадот зад вас, заедно во пар започнете „Ден 1 за нова и подобра промена со IQOS“. Отворете се за нови искуства и следете ги најновите иновации за да го подобрите своето секојдневие.

IQOS

Промо.текст: mk.iqos.com.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22732 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.