Поголемата ќеркичка на Мерјем Узерли наполни 11 години.
Познатата турска актерка, која несомнено ја паметите по улогата на Хурем Султан во серијата „Величествениот“, ѝ организираше домашна забава на слатката Лара.
На фотографиите, Мерјем и Лара се облечени во дуксерки со куче, а таква е и тортата. Помалата ќеркичка на Узерли изгледа преслатко во колоритно фустанче.
„Ох Боже, 11 години. Зборовите не можат да опишат колку те сакам. Ми помогна да пораснам и јас давам сè од себе за да ти помогнам. Ти си неверојатна душа и јас сум многу горда што сум твоја мајка. Ти си совршена таква каква што си. Среќен роденден моја голема љубов. Нека ти се исполнат сите желби“ – напиша Мерјем во описот на фотографиите.










Мерјем објави и фотографии од раѓањето на Лара.



