Тамара Тодевска го изненади саканиот Лука Радовиќ за неговиот роденден.
Македонската пејачка му порача уникатна торта на својот партнер, кој по професија е архитект.
Среќниот пар позираше со роденденската торта и двете деца на Тамара – Хана и Дарен.


Лука доби роденденски честитки и од блиските личности на Тамара. Нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и другарка ѝ Катарина Ивановска споделија фотографии со Лука.
„Најмили зете, биди здрав и среќен“ – напиша Тијана.


