Алексис Оханијан сподели дека од се соочува со здравствени проблеми. Сопругот на Серена Вилијамс откри дека му била дијагностицирана Лајмска болест.
41-годишниот коосновач на Reddit изјави дека мина низ неколку здравствени прегледи и испитувања, пред да му биде откриена болеста.
„Направив комплетни здравствени прегледи, испитувања и слично и открија дека имам лајмска болест. Лудо. Никакви симптоми. За среќа, ќе се лекувам“ – напиша тој на Х.
Doing a full battery of health scans, tests, etc, and found out I have lyme disease. Wild. No symptoms, thankfully, but gonna treat. Good cholesterol is too low. Bad cholesterol is just OK. Gotta work on that. On the plus-side: 822 ng/dL total + 162 ng/dL free testosterone.
— Alexis Ohanian (@alexisohanian) July 16, 2024
Anyway, gonna grab some antibiotics — can't keep me down, tick! pic.twitter.com/TOge6uRfSX
— Alexis Ohania(@alexisohanian) July 16, 2024
Лајмската болест е инфективно заболување предизвикано од бактерии кои припаѓаат на родот Borrelia и тоа: Borrelia burgdorferi, Borrelia garinii и Borrelia afzelii. Оваа болест на луѓето се пренесува преку убод од инфициран крлеж.
Инфицираниот крлеж ја пренесува болеста на човекот во оној момент кога ќе започне да се исхранува од крвта. Тоа најчесто се случува по 24 часа од прикачувањето. Затоа е многу важно по активноста во природа, да направите комплетна ревизија на телото и доколку има прикачен крлеж, веднаш да се отстрани.
Алексис и Серена се во брак од 2017 година и заедно имаат две ќерки.
Од Лајмска болест се лекуваа и Бела Хадид и Аврил Лавињ.