Џон Леџенд покажа дека е прекрасен сопруг и дека секогаш ќе ја штити својата сакана, која постојано е мета на критики што го остава малото бебе со дадилка за да се забавува. Преку социјалните мрежи Леџенд објасни дека е смешно што сите критики се упатуваат кон мајките додека никој не ги критикува татковците. За тој потег доби многу комплименти.
37-годишната музичка ѕвезда на Twitter напиша: „Смешно е што никој не ги осудува татковците. Кога и двајцата сме излегле на вечера, критикувајте нè и двајцата за Криси да не мора да се справува со сè сама. Ќе си го поделиме“.
Funny there's no dad-shaming. When both of us go out to dinner, shame both of us so Chrissy doesn't have to take it all. We'll split it.
— John Legend (@johnlegend) May 11, 2016
Пред околу една седмица, Криси Тиген објави фотографија на која среќно позира со Џон на роденденот на Џесика Алба и многумина побрзаа да ја осудат зашто ја остава новородената ќерка со дадилка за да се забавува.



Пред три дена парот беше фотографиран додека се упатуваше во ресторан во Лос Анџелес.



Претходно, 30-годишната Американка беше остро нападната што излезе на вечера со сопругот 9 дена по породувањето. Едни ја критикуваа дека прерано ја оставила својата ќерка за да оди на вечера, други со осудување споменаа дека парот со години се мачел да добие бебе, а сега го напушта прерано, трети неосновано заклучија дека Тиген не ја дои ќерката, додека четврти генерализираа дека сите славни мајки прерано ги оставаат бебињата сами дома.


Тиген и Леџенд ја добија ќеркичката Луна пред речиси еден месец.



