На Лара Трпческа ѝ претстои блескава музичка кариера. Ќерката на Симон Трпчески синоќа се закити со награда на 26-тото издание на „Златна Бубамара на популарноста“.
Нејзината песна „Животот е пред мене“, со која нè претставуваше на Детската Евровизија, беше прогласена за Тинејџерски хит.
„Огромна е честа и среќата што ја добивам оваа Златна Бубамара вечерва. Би сакала да се заблагодарам пред сè на Ранко и на Радио Бубамара за сета поддршка во текот на припремите за Детската Евровизија, но и додека бевме таму во Ереван. Благодараност до МРТВ што ми ја даде можноста да ја претставувам Македонија на Детската Евровизија, но секако и до нашиот прекрасен тим, којшто ја заслужува оваа награда и којшто навистина се посвети нашиот настап и целосен производ да биде прекрасен. Да се заблагодариме на нашите фанови и на сите оние коишто ја слушале и сè уште ја слушаат ‘Животот е пред мене. И благодараност до моето семејство за сета љубов којашто ми ја даруваат’“ – изјави Лара пред да настапи на сцената со ремикс на „Животот е пред мене“.
Фотографии: Александар Буневски и Кристина Нановиќ / Femina.mk