Откако ја обновија врската, Бела Хадид и The Weeknd сè почесто се фотографирани заедно, а кружат и гласини дека тие започнале и да живеат под ист покрив.
Парот беше фотографиран на прошетка во Њујорк во лежерни модни изданија.



28-годишниот пејач сподели селфи фотографија од средбата со 22-годишниот модел на која јасно се гледа дека носи капа со натпис „Обвини ја Бела“ (Blame Bella).




Неодамна Бела сподели романтични фотографии со популарниот музичар од нејзината роденденска забава.