Бела Хадид е повторно сингл. По 18 месеци заедно, 20-годишниот модел и пејачот The Weeknd одлучија да ја прекинат својата врска.

Веста за разделбата ја потврди извор близок до парот за People, а како причина се наведува нивната фокусираност на кариерата. „Премногу е тешко да се координираат нивните распореди, а тој е фокусиран на завршување и промовирање на неговиот албум. Тие сè уште многу се сакаат и ќе останат пријатели“ – рекол изворот.



Бела и 25-годишниот музичар, чие вистинско име е Абел, се запознаа во април минатата година. Хадид беше дел од неговиот спот за песната „In The Night“.