Серена Вилијамс очигледно ќе стане мајка. Успешната тенисерка на Snapchat сподели фотографија со која соопшти дека е во 20. недела од бременоста, но потоа набрзо ја избриша објавата.

35-годишната спортска ѕвезда е верена со 33-годишниот Алексис Оханијан. Парот објави дека се вери на крајот на минатата година. Славната спортистка напиша дека нејзиниот сакан ѝ организирал романтично патување во Рим, каде ѝ го поставил важното прашање.
„Дојдов дома. Малку доцна. Некој ми ја имаше спакувано торбицата и пајтон ме чекаше надвор. Дестинација: Рим. За да ме придружува до мојот „шармантен“. Назад каде што нашите ѕвезди се судрија. На истата маса каде првпат се сретнавме случајно. Овој пат не случајно, туку по избор. На едно колено, тој рече четири зборови. Јас реков ДА“ – напиша Серена во поемата за предлогот за брак на коосновачот на Reddit.

Пред два дена Серена сподели фотографија на која позира во рацете на Алексис.
Интересен факт: Серена го освои трофејот на Отворено првенство на Австралија во тенис додека беше во првото тримесечје од бременоста.