Серена Вилијамс и Алексис Оханијан пред два дена ја крунисаја својата љубов со брак. Славниот пар се заколна на вечна љубов на церемонија во Њу Орлеанс.
Целата свадбена прослава помина во духот на дизниевата бајка „Убавицата и ѕверот“.
Среќната тенисерка блескаше во венчаница од Александар МекКвин.
Парот позираше со својата малечка ќерка Алексис Олимпија Оханијан Џуниор, која се роди во септември оваа година.
Серена се пресоблече во уште два невестински фустани.
Бијонсе, Ева Лонгорија, Ана Винтур, Ким Кардашијан, Сиара... беа меѓу гостите на гламурозната прослава.
Погледнете и фотографии како поминаа подготовките на младенците.