Серена Вилијамс беше домаќинка на ESPY Awards 2024.
42-годишната легендарна тенисерка ја ангажираше модната куќа Армани да ѝ креира фустан специјално за неа за настанот кој се одржа во Холивуд. Пред да започне манифестацијата, таа позираше на црвениот тепих со сопругот Алексис Оханијан и поголемата ќерка Олимпија. 6-годишното девојче носеше сребрен фустан и сандали.
Серена е најуспешната тенисерка на сите времиња и има освоено 23 Грен Слем титули. Таа е мајка на две девојчиња од бракот со Оханијан.