Силвестер Сталоне со своето семејство присуствуваше на забавата на Harper’s Bazaar, која синоќа се одржа во Лос Анџелес.
70-годишниот актер и неговата сопруга Џенифер Флавин се појавија на свечениот настан за да ги поддржат своите три ќерки кои ја красеа насловната страница на познатото списание за месец мај.








За едиторијалот за списанието, 20-годишната Софија, 18-годишната Систин и 14-годишната Скарлет позираа во креации од модни куќи како Moschino, Guess, J. Crew и Ermanno Scervino.

