Јелена и Новак Ѓоковиќ се решени да го заштитат малиот син од папараците и не објавуваат фотографии на кои се гледа неговото лице. Но, тоа не го спречува славниот пар да споделува семејни фотографии.
Убавата сопруга на српскиот тенисер објави фотографија на која со Новак и малиот Стефан ужива во базен. Како и секогаш, малото детенце е свртено со грб.

Претходно, Јелена и Новак објавија кратки Instagram видеа на кои се забавуваат покрај базенот.
Пред една недела, семејството Ѓоковиќ го прослави вториот роденден на Стефан со забава која вклучуваше цртање на лицата на гостите.
