Лени и Зои Кравиц отпатуваа на Бахамите. Во мини-филм, 54-годишниот пејач и неговата 30-годишна ќерка пристигнуваат на островот Елеутера за да го посетат местото каде живеел неговиот дедо и да го истражат островот кој има специјално место во срцето на Лени.
„Ова беше можност да направиме нешто интересно. Стануваше збор за врска, патување и историја. Сакавме да биде за дедо ми и каде сè започна. Се работеше и за мене и за тоа од каде потекнувам и за нашето заедничко патување и искуство“ – изјавил Лени.
„Сметав дека ќе биде убаво да одиме до крајот на островот и да ти покажам дел од нашата семејна историја, да оддадеме почит на нашите предци и луѓето кои дошле пред нас“ - ѝ вели Кравиц на својата ќерка во видеото.
ВИДЕО
4-минутното видео е снимено за брендот за куфери Tumi.