Роберт Патинсон и Зои Кравиц започнаа со активна промоција на заедничкиот филм „The Batman“.
Славните актери, кои ги имаат главните улоги на Бетмен и Жената-мачка, позираа заедно на црвениот тепих во Лондон.
На прикажувањето на новиот суперхеројски филм, 33-годишната актерка изгледаше атрактивно во фустан од Сен Лоран.
„The Batman“ ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот од 4 март.