Додека македонските фанови на Лени Кравиц со нетрпение го очекуваат неговиот концерт во Скопје, беше објавена фотосесија на славниот пејач во неговиот дом во Бразил.
За списанието „Architectural Digest“, 54-годишниот музичар ги отвори вратите од својот имот кој се наоѓа на поранешна плантажа за кафе, на само неколку километри од Рио де Жанеиро, а моментално функционира како фарма.
Пред десет години, додека бил на турнеја во Бразил, негов пријател го поканил да го разгледа ова прекрасно место кое датира од 18-тиот век. „Пристигнавме таму навечер и следното утро се разбудив со најспекракуларниот пејзаж кој може да се замисли. Бевме сместени во долината, опкружени со планини, водопади, крави, коњи, мајмуни, овоштарници и зеленчукови полиња – сета убавина на природата. Наместо да останеме еден ден, останавме таму шест месеци.“
„Беше неверојатно. Се откажав од животот, научив да јавам коњи од каубои, учев за земјоделието и повторно се поврзав со природата. Никогаш се немав чувствувано посмирено и поблиску до Бог. Беше магично време. Си мислев: ‘завршив со метежот и вревата. Јас ќе станам земјоделец’“ – вели Лени.
Две години подоцна, Кравиц го купил целиот имот и го уредил по свој вкус.
ВИДЕО
Концертот на Лени во Скопје ќе се одржи на 3 мај во ВИП Арената.