Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селма Блер не можеше да си ги задржи солзите на првата холивудска свеченост по дијагнозата со мултиплекс склероза

Селма Блер не можеше да си ги задржи солзите на првата холивудска свеченост по дијагнозата со мултиплекс склероза

Многумина ја нарекоа Селма Блер вистинска инспирација по нејзиното појавување на постоскаровската забава на Vanity Fair.

46-годишната актерка не дозволи мултиплекс склерозата да ја спречи да блесне на првата холивудска свеченост по откривањето на страшната дијагноза. Облечена во креација од Ралф и Русо, Блер гордо позираше пред фоторепортерите, потпирајќи се на црн бастун. Сепак, во еден момент таа не можеше да си ги задржи солзите и се расплака.

Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер

Откако објасни дека плаче зашто е многу среќна, холивудската ѕвезда доби силен аплауз од присутните.

Видео

За појавувањето на Селма на свеченоста, фотографот Мајк Копола од GettyImages напиша:

Никогаш не сум искусил момент на црвениот тепих толку силно човечен колку кога Селма Блер зачекори на тепихот со риги на оскаровската забава на Vanity Fair. Таа се појави во лелеав фустан и тешко се движеше со помош на сјаен црн бастун. Кога пристигна на второто место за позирање на тепихот, таа повторно застана, погледна нагоре и заплака. Нејзин пријател ѝ помогна да си ги избрише солзите додека таа гледаше во таванот.

Потоа таа рече дека плаче зашто е многу среќна. Во тој момент, сите ние ги спуштивме фотоапаратите, ја погледнавме и започнавме да ѝ аплаудираме и да ја бодриме. Беше многу емотивно и никогаш не сум видел тоа да се случи на црвениот тепих, уште помалку на тепих од овој калибар. Селма беше силно решена да го помине тепихот и не сакаше да дозволи МС или нешто друго да ја спречи.

Кога ѝ рековме да позира со поглед преку рамото, таа ја крена левата рака во воздухот и стоеше така како да беше решена да преземе контрола врз сопственото тело. Тогаш ја направив мојата омилена фотографија на вечерта и овековечив еден од најскапоцените човекови моменти кои сум ги видел во мојата кариера. Апсолутно НЕВЕРОЈАТНО!

Мајк Копола
Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер

Селма во објава на Instagram му се заблагодари на својот пријател Трој, кој ѝ помогна да остави позитивен впечаток на забавата.

Селма Блер Селма Блер Селма Блер

„Овој човек е херој. Сакаше да блеснам силно во време кое е тешко. Знаеше дека сакам да застанам гордо како жената која што сум и која се надевам дека ќе бидам. Да бидам дел од нешто толку специјално кога моето тело сè уште не се движи јасно. Потоа ја почувствував љубовта од фотографите... топлината на рефлекторите, моќта на мојот фустан, неговиот внимателен допир и сè уште се надевав дека мојот мозок може да испрати сигнали како потсетник на моето појавување таму. И започнав да плачам. И ја ценам секоја секунда. На секоја ненадејна солза, тој беше таму, како што беше отсекогаш. Тоа е причината поради која можам. Ти благодарам Трој“ – напиша таа.

Во октомври минатата година, познатата актерка откри дека ѝ била дијагностицирана мултипла склероза. Таа со години сметала дека има несериозен здравствен проблем или приклештен нерв, но дијагнозата ѝ помогнала да разбере многу од нејзините проблеми како паѓање, лоша меморија и испуштање предмети од рацете.

„Имам мултиплекс склероза. Јас сум во егзацербација. Со милоста на Бог и разбирањето на продуцентите на Netflix, имам работа. Прекрасна работа. Јас сум личност со попреченост. Паѓам понекогаш. Испуштам работи. Меморијата ми е заматена и мојата лева страна бара насоки од мојот расипан GPS. Но, ние се справуваме. Се смеам и не знам што следно ќе направам точно, но ќе дадам сè од себе. Од мојата дијагноза во 10.30 часот на 16 август, јас имам љубов и поддршка од моите пријатели.“

„Јас сум во тешка состојба, но се надевам дека ќе им дадам некоја надеж на другите, па дури и себеси. Не можеш да добиеш помош, ако не ја побараш. На почетокот може да ти дојде како шок. Сакаш да спиеш, секогаш сакаш да спиеш. Па, јас немам одговори. Видете, сакам да спијам. Ми претстои живот кој сакам да ми биде исполнет. Сакам повторно да си играм со син ми. Сакам да пешачам по улица и да јавам коњ. Имам МС и во ред сум. Но, ако ме видите како испуштам премети од раце на улица, слободно помогнете ми да ги кренам. Мене би ми требал цел ден за да го направам тоа.“

„Имав симптоми со години, но никогаш не ги сфаќав сериозно. Веројатно ја имам оваа неизлечива болест најмалку 15 години. И сега ми е полесно бидејќи знам што ми се случува и можам да споделам“ – стои во објавата на Блер на Instagram.

Мултипла склероза (МС) е хронична болест која настанува кога имуниот систем абнормално ја напаѓа обвивката и поддршката околу нервните клетки (миелинска обвивка) во мозокот, `рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователно оштетување. Ова оштетување може да предизвика низа симптоми, вклучувајќи мускулна слабост, замор и проблеми со видот, а може со тек на време да води до инвалидитет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.