„Ми рекоа да се подготвам за умирање. Не затоа што имам мултипла склероза, туку затоа што се борам со МС“ – ова се само дел од зборовите на актерката Селма Блер во трејлерот за нејзиниот документарен филм „Introducing Selma Blair“.
49-годишната актерка откри дека има мултпла склероза во 2018 година. Таа одлучи да го сподели нејзиното патување со јавноста и отворено зборуваше за симптомите на болеста.
Сега, во нејзиниот документарен филм, Селма го раскажува животот по добивањето на дијагнозата. „Ги снимаме последните денови од мојот живот“ – вели Блер на почетокот од трејлерот кој нема да ве остави рамнодушни:

„Introducing Selma Blair“ ќе започне да се прикажува во киносалите во октомври годинава.
