Селин Дион со широка насмевка се прошета низ Париз и се сретна со Првата дама на Франција, Брижит Макрон.
56-годишната пејачка се очекува на отворањето на Олимписките игри да го има првиот настап по откривањето на дијагнозата „синдром на вкочанета личност“. Селин се фотографираше со фановите и делеше автограми во црн фустан од Диор.
Селин ќе настапи на сцената заедно со Лејди Гага, а ќе ја изведат песната „La Vie en Rose“.
Во декември 2022 година, славната музичарка откри дека страда од синдром на вкочанета личност кој ги претвора луѓето во живи статуи. Поради него, таа има страшни напади кои влијаат на нејзините музички способности, па затоа уште тогаш ги откажа концертите од светската турнеја „Courage“.