Селена Гомез ќе заплива во брачните води. 32-годишната актерка и пејачка го прифати предлогот за брак од Бени Бланко.
Убавата вест таа ја сподели на Instagram, објавувајќи фотографии од вереничкиот прстен.
„Засекогаш започнува сега“ – напиша Селена во описот.
Селена и Бени започнаа да се состануваат минатата година.