Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Секоја чест: Никола Роквиќ ги собра потребните 250 илјади евра за детска онкологија пешачејќи 1.060 км

Секоја чест: Никола Роквиќ ги собра потребните 250 илјади евра за детска онкологија пешачејќи 1.060 км

Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана објавија дека ги собраа потребните 250 илјади евра за детска онкологија, но дека нивната мисија не прекинува.

Никола Роквиќ Никола Роквиќ

38-годишниот пејач, кој за 23 дена помина 803 километри, пешачи од Белград до грчкиот остров Егина за да собере средства за детска онкологија. Нему му преостануваат повеќе од 200 км за да стигне дотаму.

Токму на Светскиот ден на семејството, Роквиќ ја објави среќната вест на својот профил и на профилот на Фондацијата „Семејство“ која тој ја основаше со сопругата пред да ја започне хуманата мисија.

Никола Роквиќ

„Луѓе, успеавме! Првата наша цел е остварена. Ги собравме средствата за детска онкологија, но не смееме да се откажеме. Одиме понатаму, продолжуваме да собираме средства, а следната цел е да собереме средства за детската онкологија во Ниш. Денес е 24. ден, а јас го продолжувам патот до Егина. Денес го прославуваме Светскиот ден на семејството, а ние ви посакуваме да го чувате и негувате како нешто највредно“ – порачаа Никола и Бојана.

Хуманиот музичар тргна од храмот „Света Сава“ во Белград, а планира пешки да стигне до островот Егина каде ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Тој направи пауза во Македонија, каде го прослави Велигден со семејството.

Никола Роквиќ

Никола и Бојана се родители на три мали деца.

Никола Роквиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.