Блејк Лајвли докажува дека тексас модни парчиња совршено можат да се вклопат во вечерните излегувања.
36-годишната актерка беше фотографирана додека се упатуваше во ресторанот Carbone во Њујорк со колегите од филмот „Ова завршува со нас“, кој го промовира во моментов. Таа носеше тексас фустан со нитни од Self-Portrait, кој го искомбинира со мантил од Dries Van Noten, сандали од Gucci и чантичка од Chanel. Целата комбинација на Блејк чини повеќе од 9 илјади долари.
Со овој изглед, славната актерка многумина потсети на својот лик од серијата „Gossip Girl“, Серена Ван Дер Вудсен.